Радио Милева
нема место за тревога

Бора Чорба се огласи откако поради здравјето ги откажа новогодишните концерти

Бора Чорба се огласи откако поради здравјето ги откажа новогодишните концерти

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ беше принуден да ги откаже новогодишните концерти. Имено, Бора Ѓорѓевиќ требаше да настапи со бендот во Ниш на дочекот, а потоа и во Бор, но здравствените проблеми ги расипаа плановите. Сега легендарниот рокер проговори и објасни за што се работи.

„Се е во ред, имав непријатна пневмонија, како и многу луѓе во целиот регион“, изјави Бора за 24sedam.rs и им се заблагодари на колегите кои „скокнаа“ на свирката наместо него и „Чорба“.

Но, нема причина за тревога, додаде тој. Концертите продолжуваат веќе во февруари во Словачка, по што следуваат неколку настапи во Љубљана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riblja Čorba (@ribljacorbaofficial)

Здравствените проблеми на Бора Ѓорѓевиќ веќе подолго време ја загрижуваат јавноста. Во изминатите две години се слушаа секакви шпекулации, па дури се шпекулираше дека има рак. Познатиот музичар не коментираше ништо, но еднаш рече:

– Живеам како да нема да умрам, никогаш не зборувам за текот на времето. Не треба да се плашиш од смртта, тоа е една од песните на новиот албум. Не се чувствувам како да сум стар, но телото ме издава, потешко ми е да одам, па седам додека пеам, но пеам. Не пеам со моите нозе. Духовно се уште сум во пубертет, кажа тој.

фото: Instagram printscreen/ ribljacorbaofficial

Останати вести од Радио Милева