Радио Милева
порака до (не)пријателите...

Боки 13 се врати на Инстаграм со порака полна со длабока горчина: „Најблиските“ ме избришаа од листата на живите, а оние најодвратните, што најполтронски ми се лигушеа, потоа се насладуваа на мојата ситуација, велејќи – убаво му направија“ (ФОТО)

Боки 13 се врати на Инстаграм со порака полна со длабока горчина: „Најблиските“ ме избришаа од листата на живите, а оние најодвратните, што најполтронски ми се лигушеа, потоа се насладуваа на мојата ситуација, велејќи – убаво му направија“ (ФОТО)

Притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во пресрет на пресудата за делата кои му се товарат од страна обвинителството за таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, ја издржува својата казна за случајот „Рекет“  во затворот „Идризово“, но изнендувачки и повторно е активен на социјалните мрежи. Поточно, тој се врати на Инстаграм и тоа преку својот администратор на неговата страница, кој уште пред неколку дена ја пренесе тагата по починатата Марина Туцаковиќ, која како што самиот Боки вели, му била како втора мајка.

Неколку дена подоцна , еве го Боки 13 со нов статус на својот Инстаграм, овој пат во вид на порака  полна со длабока горчина. Еден вид обраќање до јавноста и пред се’ до оние кои како што самиот вели, некогаш му се претставувале за „најблиски“, а кога го притворија, осудија и затворија, го избришле од листата на живите. Како и до оние, според него – најодвратните, што најполтронски му се лигушеле, а сега му се насладувале на неговата ситуација, велејќи: „Убаво му направија, малку му е…!“

Но Бојан Јовановски во објавата не пропуштил и од се срце и  душа да им се заблагодари и на оние малкумина кои ја покажале човечноста најмногу кога треба, кои останале луѓе и биле со него и во неговите најтешки моменти, кои се’ уште траат!

Еве што напиша Боки 13 дословно, во своето инстаграм обраќање и до погоре опишаните, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари… но и до малкумината блиски што останале луѓе, кои покрај неговите родители, можат да се избројат на прсти:

„Кога ме притворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ… како небаре да сум мртов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле… Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел (а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) , четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во “нормалниот” свет, а потоа се насладуваа на мојата ситуација велејќи “убаво му направија, малку му е” е на таквите полтрони им посакувам истото мое “убаво” да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво…

Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација! Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата борба, со Божја волја и помош а не со нивна! За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка, но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека се’ уште имало и по некој човек….Фала ви од се срце!!! Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично, а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам.

Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте!“

Објавено од администратор на профилот на Бојан Јовановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Фото: Јутјуб  и Инстаграм принтскрин/boki13official

Останати вести од Радио Милева