Радио Милева
се што научив до сега е дека љубовта со љубов се враќа

Бојана Скендеровски славеше роденден и без комплекси откри колку наполни (фото)

Бојана Скендеровски славеше роденден и без комплекси откри колку наполни (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/бојана скендеровски

Водителката и пејачка Бојана Скендеровски вчера (14.02.2021) имаше убав повод за славење.

Имено, покрај тоа што вчера во светот, па и во Македонија се славеше „Свети Валентајн“ или „Денот на вљубените“, Бојана имаше уште една причина за радување.

Скендеровски славеше роденден, а како што обзнани на социјалните мрежи таа наполни 37 години.

По тој повод, водителката објави неколку фотографии на кои позира заедно со сопругот Васко, како и нивните деца.

фото: принтскрин/инстаграм/бојана скендеровски

Бојана доби и роденденска торта со фотографија од ќеркичката и синчето.

фото: принтскрин/инстаграм/бојана скендеровски

„За мене единица мерка за среќа се емоциите,јас сум среќна жена кога ќе пребројам во која количина ги добивам и враќам секојдневно тие емоции…
Среќна сум со се што добивам и губам,грешам,и со се во што сум безпрекорна,плачам и се смеам на цел глас!
Денес полнам 37 години,и се што научив до сега е дека љубовта со љубов се враќа,а доброто што го правите за некој друг,ја зголемува вашата лична среќа!
На здравје пријатели,Ве сакам!“, напиша водителката покрај фотографијата.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините колеги, какои и од нејзините „Инстаграм“ пријатели.

Среќен роденден!

Останати вести од Радио Милева