Мегафон
концерти

Ацо Пејовиќ на концерт во Скопје: Подгответе се за шоу и незаборавна музичка вечер

Ацо Пејовиќ на концерт во Скопје: Подгответе се за шоу и незаборавна музичка вечер

Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Ацо Пејовиќ којшто е закажан за 23-ти декември, односно оваа сабота во арената ,,Борис Трајковски’’, а истиот е пред распродавање, информираат организаторите.

Откако влезниците беа пуштени во продажба, интересот на јавноста беше голем, исто како и за претходните концерти на Ацо Пејовиќ. Така што, на три дена до стартот на концертот, останати се уште мал број на влезници, а истите можете да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2. Организаторите велат дека  имаат изненадување за фановите.

Ацо Пејовиќ ветува дека на своите фанови со овој предновогодишен концерт ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.

Не ја пропуштајте највозбудливата вечер со Ацо Пејовиќ и подгответе се за шоу!