Живот и Стил
„уметност“

Апсурдно но смешно: Ваков подарок за Денот на вљубените не сте виделе до сега (видео)

Апсурдно но смешно: Ваков подарок за Денот на вљубените не сте виделе до сега (видео)

Знаеме дека доцниме, Денот на вљубените помина, но моравме да го споделиме ова видео.

Само на Твитер има повеќе од 26,6 милиони прегледи и ги воодушеви луѓето.

Немаме информации каде е снимено, ниту дали навистина е нечиј израз на љубов, но одлично се пласираше на мрежите. Пристигна со порака: „Уметност за Денот на вљубените“.

Во преден план гледаме маж кој води крава на чие тело се насликани момче со букет цвеќе и девојка во розова облека.

Цртежите се направени на тој начин што кога животното оди изгледа како да се движи самото!

Повторуваме, не знаеме дали е ова нечиј подарок за Денот на вљубените, но дали е – секоја чест за оригиналноста!

Фото: Printscreen / X /@Rainmaker1973