Радио Милева
маѓепсува на прва...

Андријана Петрушовска во бикини, повеќе од секси: Еве во чие друштво атрактивната македонска „Гранд“ ѕвезда ужива на море (ФОТО)

Андријана Петрушовска во бикини, повеќе од секси: Еве во чие друштво атрактивната македонска „Гранд“ ѕвезда ужива на море (ФОТО)

Андријана Петрушовска, македонската пејачка која блесна во најпопуларното регионално музичко талент шоу „Ѕведите на Гранд“, по успешната и напорна сезона што ја имаше, замина на годишен одмор. Иако летото е веројатно најплодниот период за „естрадна жетва“ кај пејачите, атрактивната убавица сепак мораша да го спушти темпото и да замине некаде на полнење на батериите, кои зимава максимално ги испразни.

Ако на сцената на „Гранд“ покрај пеењето, Андријана  беше запаметена по својот атрактивен изглед, необичните костими, неодоливиот сексапил и магичната привлечност со кои зрачеше, расната убавица на плажа го покажа сиот свој телесен раскош во полн сјај.

Во мастило сини мини бикини, пејачката ги истакна своите бујни облини и останатиот телесен потенцијал која ја краси долгоногата новопечена „Гранд ѕвезда“.

И додека позира на зајдисонце седната на песочниот брег,  Андријана зрачи со фатална привлечност, неодолив сексапил и „поглед кој убива“… Едноставно, „маѓепсува на прва“!

Како и  единственото чувство на неизмерно задовлство, кога клекната во плиткото покрај брегот, пејачката влезе да си ја регулира телесната температура и олади снагата на неподносливата горештина.

Длабоко потонатата танга во извајаната обла задница на која се налепиле песочните зрнца, само уште повеќе го потенцира еротскиот набој кој расната убавица го создава и како мирис на скап парфем зад себе го остава, додека со затворени очи позира на брегот под оловното небо на крајот на денот.

Но, она што особено ја скокотка јавноста е приватноста на младата македонска пејачка, која неодамна во едно свое интервју изјави дека расчистила со долгогодишната врска и сега е строго посветена кариерата.

Тогаш со кого Андријана ги споделува одморот и летните авантури, со кого тоа пејачката летува, во чие друштво ужива на море? Прашања на кои Андријана понуди сликовит одговор како потврда на кажаното, дека сега нема „маж за сериозна врска“ во нејзиниот живот.

Имено, пејачката ужива на на одмор со најдобрата другарка, исто толку атрактивна убавица, која на некој начин е и нејзина колешка. Марија Саздовска, професионална играорка во  Националниот ансамбл за танци и песни  „Танец“.

Доказ – заедничките фотографии од одморот…

…Како и оние кои претходно обете ги споделија на своите Инстаграм профили, во моментите кога Андријана ја освојуваше сцената на „Гранд“, а Марија и беше силна потпора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Sazdovska (@marijaasazdovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/andrijanapetrushovska/

Останати вести од Радио Милева