Радио Милева
прошетка по спомените

Андријана Јаневска со стихови и фотографии се потсети на нејзината почината мајка: „Секое изгрејсонце ликот твој го има…“ (ФОТО)

Андријана Јаневска со стихови и фотографии се потсети на нејзината почината мајка: „Секое изгрејсонце ликот твој го има…“ (ФОТО)

Една е мајка… И нема ништо поблиско од неа, од онаа која те родила и донела на овој свет. Најблиските можеби само физички заминуваат од нас, но затоа секогаш остануваат во нас, во нашите души и срца, продолжуваат вечно да живеат во нашите сеќавања.

Андријана Јаневска пред  пет години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка Нада. Таа почина на 62 години од мозочен удар, а во една прилика пејачката истакна дека немала време да се прости од неа бидејќи нејзината смрт била ненадејна.

Кон крајот на 2020 та година, Јаневска ја објави песната „Летај“  посветена на нејзината покојна мајка, која тогаш реши да ја промовира токму на нејзиниот роденден.

„ Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“ – ијави во една прилика  Јаневска.

Сега, пет години од заминувањето на нејзината мајка Нада, Андријана во својата прошетка по помените со неколку фотографии одново се потсети на неа, а наместо песна овој пат и посвети стихови…

„Веќе петто лето, петта зима,
Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа,
секое изгрејсонце ликот твој го има,
во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам“.

„На мајка ми Нада“ – напишала пејачката, виолинист и музички педагог покрај објавата!

Како потсетување на она што како музика и стихови го создададе и отпеа Андријана Јаневска во спомен на нејзината мајка, но и за сите оние кои ги изгубиле своите најмили, за сите срца скршени од болка, нејзината акустична балада со посвета,  „Летај“…

Фото: Инстаграм/andrijana_janevska

Останати вести од Радио Милева