Мегафон
не се само „Ѕвездите на Гранд“...

Александра Трајческа е победничката во втората сезона на македонското музичко онлајн-талент шоу „Заблескај“ (ВИДЕО)

Александра Трајческа е победничката во втората сезона на  македонското музичко онлајн-талент шоу „Заблескај“ (ВИДЕО)

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на музичкото оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од Орбит.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата ( четири 12-ки) составена од еминентни музички автори и творци, изведувачи, модни креатори и музички новинари и уредници. Овој пат нејзини членови кои ги оценуваа 12-те финалисти беа: композиторот и музичар Николче Мицевски, поп пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар и главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Водител на финалниот настан кој се одржа во познатиот скопски кафе клуб – „Интермецо“ и годинава беше довитливиот Марко Новевски, кој со своите шеги, коментари и лабава комуникација со учесниците и жирито успеа максимално да ја опушти атмосферата правејќи ја пријатна и забавна за сите присутни.

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, од кои речиси сите имаа одлични настапи, но сепак, Александра со атрактивниот сценски настап и својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ се издвои од другите и брилијираше, со што и заслужено го освои првото место.

Забележителни беа и останатите натпреварувачи, од кои некои имаа мошне впечатливи настапи, но за жал можеше да победи само еден…

А, Александра недвојбено со максимален број поени ги освои сите четири 12-ки од жирито и суверено ја однесе победата.

Инаку победничката како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Како изгледаше комплетната емисија од финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“, проследете од видеото во продолжение: