Радио Милева
„нашата куќа стана дворец на љубов“

Александар Белов ја објави првата фотографија со ќеркичката: „Никој не ни кажа дека ќе изгледа вака“

Александар Белов ја објави првата фотографија со ќеркичката: „Никој не ни кажа дека ќе изгледа вака“

Македонскиот пејач Александар Белов на Василица за првпат се реализираше во улогата на татко.

Имено, Александар и неговата сопруга Јелена добија ќеркичка за која го одбраа името Мина.

Овие радосни вести тогаш Белов ги сподели на социјалните мрежи.

-„13.01.2022Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители … @ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов … Се роди Мина Белов, напиша пејачот покрај фотографија на која позира со својата бремена сопруга.

По неколку дена откако стана татко, Александар сега ја објави и првата фотографија со наследничката.

Имено, тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која се држи за рака со ќеркичката и сопругата, а во описот напиша:

-Никој не ни кажа дека тоа ќе изгледа вака. Никој и не можеше да ни каже. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана дворец на среќата и љубовта.

За потсетување, Александар Белов во септември 2019 година заплови во брачните води со неговата избраничка Јелена Станковиќ

Останати вести од Радио Милева