Радио Милева

Алберт Ајнштајн ги крстел децата во дворот на Саша Поповиќ

Алберт Ајнштајн ги крстел децата во дворот на Саша Поповиќ
фото: Профимедиа/таамратрајковиќ

Алберт Ајншатајн се венча со Милева во 1903 година.

Како што пишуваат српските медиуми, Алберт две од свои деца ги крстел во Николајевската црква во Нови Сад каде што главен свештеник бил дедото на Саша Поповиќ.

Познатиот физичар и неговата прва сопруга во 1902 година го добија првото дете, ќерката Елизабет – Лизерел за која во некои историски записи пишува дека починала веднаш по раѓањето, а во некои сведочења пишува дека била дадена на посвојување.

фото: Профимедиа

Една година подоцна парот се венча, а на 14 мај 1904 година го добија синот Ханс Алберт. Во јули 1910 се роди нивниот втор син Едуард.

Екипата на курир.рс ја посети црквата во Нови Сад, а човекот кој бил таму им раскажал се за Ајнташјн и неговата сопруга, како и тоа дека нивните деца биле крстени во дворот на црквата каде што живеел Саша Поповиќ по раѓањето.

фото: Курир.рс/тамара трајковиќ

„Во оваа црква пред 100 години се венчаа Алберт и Милева. Не е само тоа, туку ги крстија и нивните деца во 1913 година. Децата не ги крстеше дедото на Саша Поповиќ, Стева Поповиќ, но постои запис кој го направил тоа. Стева беше свештеник од 1930 до 1960 година. Тоа е се што можам да кажам. Поточни информации за Милева и Ајнштајн има свештеникот Миодраг, но тој има служба утревечер и не е тука“ вели човекот кој не сакал да се фотографира.

фото: Курир.рс/тамара трајковиќ

Граѓанинот Славко  кој живее во напосредна близина на црквата вели дека Поповиќ имал убаво детство.

„Мојот дедо го познаваше дедото на Саша. Токму во дворот на црвката каде што порасна директорот на „Гранд“ се крстени децата на Алберт Ајнштајн. Не верувам дедото на Поповиќ имаше прилика да ги запознае Алберт и Милева, но секако тоа беше значајано за нашиот град и црква“ вели Славко.

фото: Курир.рс/тамара трајковиќ

По овој повод се огласи и Поповиќ кој е роден во 1954 година и по раѓањето живеел во куќата која се наоѓа во црковната порта.

„Не ми е познато дека мојот дедо ги крстел децата на Милева и Ајнштајн. Она што е сигурно е дека полни 30 години беше свештеник, од  1933 до 1963“ изјави Саша за курир.рс

Останати вести од Радио Милева