Радио Милева
рок жртва на ковид 19

Aлан Мерил, авторoт на познатиот хит: „I Love Rock’n’Roll“ почина од коронавирус

Aлан Мерил, авторoт на познатиот хит: „I Love Rock’n’Roll“ почина од коронавирус

Алан Мерил, автор на хитот „I Love Rock’n’Roll“ почина на 69- годишна возраст во Њујорк, откако се заразил од коронавирусна инфекција Ковид-19, соопшти неговата ќерка Лора Мерил.

Според неа, татко и пред две недели и јавил дека заболел од настинка. Во разговорите со ќерка му тој укажувал дека не е сериозно и дека е обична настинка. Алан Мерил починал вчера претпладне.

„Коронавирусот го однесе татко ми. Ми дадоа само две минути да се збогувам пред да ме изнесат“ – ја сподели својата тажна вест Лора на Фејсбук.

Во својот пост таа напишала дека не можела да присуствува на неговиот погреб поради тоа што мора да помине карантин од две недели. Ги повика сите да бидат сериозни со пандемијата на коронавирус и да останат дома.

Алан Мерил беше познат како вокалист и бас-гитарист на британската поп-рок група Arrows. Песната „I Love Rock’n’Roll“ групата ја сними во 1975 година, а била напишана од Мерил и гитаристот Џејк Хукер.

Песната беше препеана од повеќе познати изведувачи. Најпознатиот препев е снимен во 1982 година од пејачката Џоан Џет, по што песната стана светски хит.

Останати вести од Радио Милева