Радио Милева
не ја заборави...

Аца Лукас – „слаб“ на ќерката од првиот брак на бившата жена!? (ФОТО)

Аца Лукас – „слаб“ на ќерката од првиот брак на бившата жена!? (ФОТО)

Фолк-пејачот Аца Лукас повеќе пати истакна дека останал во коректни односи со неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ по разводот,  иако обајцата имаа извесни недоразбирања, особено по прашањето на нивните партнери нови по разводот.

Популарната двојка се венчаше во 2010 година, откако Соња по прељубата го напушти првиот сопруг, исто така своевремено популарниот пејач Жељко Шашиќ. Од бракот со Лукас ја добија ќерката Викторија.

За време на нивниот заеднички живот, Аца изгради убава врска со ќерката на Соња од нејазиниот прв брак, Софија Сашиќ, релација која покажува дека Лукас и до ден – денес  „е слаб“ на Софија, иако таа никогаш не му била вистинска ќерка.

Пејачот тоа го потврди со најновата објава на социјалната мрежа Инстаграм. Имено,  Софија – наследничката на Соња Вуксановиќ  го прослави својот 21-ви  роденден, а нејзиниот поранешен очув Аца и испрати емотивна честитка.

„Среќен роденден, моја Соленце“ – напиша пејачот покрај заедничката фотографија со Софија, која мора да признаете дека порасна во вистинска убавица.

Останати вести од Радио Милева