Во последниве неколку години постојано се зборува за тоа колку си личат новосадската барбика Наташа Беквалац и нашата ТВ водителка Миа Костова.
Миа неодамна на својот Инстаграм профил постираше едно „стори“ како пее песна од Беквалац, и во него опис: “Она е или ја?”, алудирајќи на пејачката од соседството.
На Беквалац веројатно тоа и се допаднало, па возврати со тоа што го сподели видеото и на своето „Инстаграм стори“, а многумина воопшто и не ја забележаа разликата помеѓу двете русокоси: Дека на видеото е само гласот на Беквалац, а ликот на нашата Миа.
Но, видеото покажа и нешто друго. Покрај неодоливата физичка сличност на новосадската барбика и скопската ТВ водителка, очигледно овие две дами имаат и добри пријателски релации.
Оттаму, можеби некој ќе се досети во иднина доколку на Беквалац и треба двојничка, да ја повика Миа да заигра во некој од наредните видеоспотови на пејачката.