Холивудскиот актер Метју Пери е пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата во Лос Анџелес ја истражува смртта, a како што пренесува Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори од истрагата, нема првични сомнежи за прекршоци.
Полицијата добила повик од домот на Пери околу 16 часот , а телото на актерот било пронајдено во џакузи без знаци на живот. Дел од медиумите пренесуваат дека на местото на настанот не била пронајдена дрога, а немало ниту индиции за насилна смрт.
„Длабоко сме потресени од смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Влијанието на неговиот генијален комичарски дух се почувствува во целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден кога нашите срца се скршени. Испраќаме љубов до неговото семејство, најблиските и неговите фанови,“ – соопштија од „Ворнер Брос“.
Најголемата слава ја достигна со улогата на Чендлер Бинг во популарната ТВ серија „Пријатели“ која се емитуваше од 1994 до 2004 година.
Актерот беше познат и по улогите во повеќе филмови, меѓу кои „Fools Rush In“, „The Whole Nine Yards“, „Three to Tango“, „The Kid“ и „17 Again“.
Пери долги години се бореше со зависности, а во своите мемоари откри дека се лечел од алкохолизам и употреба на опоиди. Тој јавно сподели дека лекарите му прогнозирале два проценти шанса да преживее, а откри и дека бил во кома две недели, а потоа уште неколку месеци во болница.
На актерот му биле направени 14 операции за да се поправат сите абдоминални оштетувања, а тој призна дека одел на рехабилитација 15 пати во текот на годините со надеж дека ќе ја ослободи од зависноста од дрога.
Пери почина на 55 години.
Фото: Профимедиа