Веројатно првата помисла ви беше дека она што првично ги поврзува Сузана Газавова и Јелена Карлеуша е тоа што и двете се пејачки… Tака e, но двете колешки ги поврзуваат уште неколку заеднички нешта, па дури и такви за кои не би ни помислиле дека воопшто можат да ви паднат на памет.
Заедничко на двете им е што долги години опстојуваат на сцената, негуваат иста љубов кон музиката, кон животните, од рана возраст почнале со кариера, двете имаат по две женски чеда, сакаат провокативна облека, имаа речиси иста висина, бујни атрибурти… а сигурно има уште некои нешта со кои двете би се нашле на иста фреквенција.
Социјалните мрежи се прозорец кон животот на сите, па и на познатите, па токму оттаму, односно од нивните густо набиени „стории“ на Инстаграм дознаваме дека и двете сакаат градинарство и свежи домашни и органски производи и тоа изникнати на балконот од својот дом.
Карлеуша во вилата на Дедиње, а Гавазова во вилата во Дојран.
Па така и двете атрактивни пејачки одгледуваат домати на терасата, додуша Гавазова струмички домат од покрупните, а Карлеуша шери.
Сеедно, пејачките и двете сакаат безбедна и здрава храна за себе и своите најблиски.
Одгледување и насладување за сопствен мерак кое нема цена и тука нема ништо спорно. Што е сигурно, сигурно!
фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Карлеуша, Сузана Гавазова