Дарко Лазиќ денес во црква ќе се ожени со својата избраничка Катарина.
Пејачот ќе организира гала вечера на која покани 520 гости, меѓу кои и поранешната сопруга Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена. Покрај неа, Дарко го покани и сопругот на Ана, Даниел.
Но, она што сите ги изненади е фактот што Дарко не ја покани на свадба својата поранешна партнерка Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј. Како што истакна Марина, таа не добила покана за свадба иако веселбата се одржува во близина на нејзината куќа, а само вчера го поканил малиот Алексеј.
– Слушнав дека организира свадба на 100 метри од мојата куќа. Покана не добив, а дефинитивно немаше да одам затоа што патувавме со Алексеј. Денеска го покани синот на свадба, но за такви работи можеше да ме извести малку порано, не ден пред свадбата. Што да кажам, нека му е со среќа – изјави Марина.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марина Гагиќ/Марко Ѓоковиќ