Контроверзната Миљана Кулиќ на секој начин се труди да стане пејачка, па неодамна настапи во една дискотека во Австрија, а поради нејзиното однесување на сцената беше предмет на многу критики.
Миљана Кулиќ неодамна имаше настап во еден клуб, каде ги изведе своите нумери , но и песни од познати уметници.
Нејзиното однесување на сцената беше провокативно но и вулгарно. Во мини фустанот, таа постојано се вртеше, дури и го креваше фустанот во обид да го привлече вниманието на публиката. Но, наместо позитивни реакции, Миљана доживеа осуда и критики.
За скандалозниот настап за 45 – те минути наводно земала 5.000 евра.
@djordjee.m 🔥🔥🤣 #fyp #fypシ #miljanakulic #miljanakulicstar #miljanakulic👑 #foryoupage #nastup #zagreb #viral #popular #miljanakulicnastup @Miljana Kulić ♬ original sound – Đorđe
Луѓето го изразија своето чудење и непријатност по нејзиниот настап. Меѓу публиката се проширија коментари како „Каква неред“, „на првиот настап веќе и е завршена кариерата“, „ушите ме болат“ и „тешко е да се разбере, слуша и гледа“.
Фото: Принтскрин/ТикТок