Софија Милошевиќ, познатата манекенка, изминатиот викенд била на премиерата на претставата „Лагата“ во Белградскиот драмски театар, каде дошла да ја поддржи својата пријателка Јелисавета Орашанин. А по оваа претстава изгледа се исплашила за синовите и нивниот иден љубовен живот, па се пошегувала и изјавила дека нема да имаат девојки.
По претставата, Софија за Информер.рс отворено се изјаснила за нејзиниот вереник, фудбалерот Лука Јовиќ и наследниците Алексеј (2) и Теодор (1).
– Моите синови нема да имаат девојки и нема да бидат во ситуација некој да ги изневерува! Ќе живеат со мене до крајот на животот и ќе ја сакаат само својата мајка – рекла манекенката, сè уште под импресии од претставата која зборува за љубовните проблеми и лаги, а потоа се „премислила“:
– Само се шегувам, секако дека ќе имаат девојки и нема да им се мешам во изборот, како што не ми се мешаа ниту моите родители. Го пресеков тоа право од корен и не им дозволив да ми се мешаат во изборот.
Манекенката вели дека не поднесува лаги, особено меѓу партнерите, но признава дека понекогаш знае да го излаже Лука дека сè одлично му стои.
– Многу луѓе живеат во лаги затоа што им одговара. И мене ми се случува, но тоа е безопасна работа. На пример, кога другарка ми ќе ме праша како и стои фустанот и не ми се допаѓа, нема да и кажам дека е грдо затоа што не сакам да ја повредам. Се согласувам со Лука само кога е гардеробата во прашање, ништо повеќе од тоа! Тоа е многу чувствителна област бидејќи ако вашиот партнер открие дека сте го изневерувале за нешто сериозно, започнува хаос во врската и врската пропаѓа – изјавила Софија Милошевиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм