Славната дизајнерка Викторија Бекам е една од најценетите модни икони ширум светот.
Нејзините модни комбинации се практични и носиви, па затоа не е чудно што многу жени ширум светот црпат инспирација токму од неа.
Она што многу вљубенички во модата најмногу го сакаат кога станува збор за стилот на познатата Англичанка е тоа што парчињата која таа ги избира, во 99 отсто од случаите се едноставни и лесно се комбинираат со остатокот од гардеробата.
Она по што стилот на Викторија е исто така препознатлив е и личниот печат кој таа им го дава на своите модни комбинации, а кој во суштина е комбинација на едно впечатливо парче со едноставни парчиња облека и обувки.
Ако не знаете што да облечете овие денови, ви предлагаме да ги погледнете фотографиите во продолжение и сигурно ќе пронајдете модна инспирација за наредниот период!
извор: точка.мк