Атрактивната српска пејачка Рада Манојловиќ, деновиве на своите следбеници на социјалните мрежи им приреди лавина од изненадувања.
Неколкупати ја промени бојата на косата, а со тоа секојдневно беше тема во регионалните медиуми.
Задоволна поради тоа што ја пишуваат, Рада секоја објава ја сподели на својот профил, а во знак на благодарност, реши да почести со две жешки и провокативни фотографии каде позира во црн корсет меѓу синџири.
Што наумила овој пат, и дали ова издание е подготовка за нешто ново, останува да видиме…