Мегафон
50 претстави, концерти, изложби...

40 фестивалски дена на „Скопско лето“

40 фестивалски дена на „Скопско лето“

На фестивалот „Скопско лето 2018“ кој традиционално ќе се одржува од 21 јуни до 31 јули ќе има педесетина програмски содржини, најавуваат организаторите. Фестивалот ќе биде отворен в четврток, на Светскиот ден на музиката, со концерт на музичари од Израел во Македонската филхармонија.

Пред официјалното отворање, пак, утревечер  во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложба на Владимир Темков „Потрага  по смислата на ликовноста во соочувањето со убавината на природата“.

Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), а и годинава фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерството за култура и од странски културни центри и амбасади.

Во првиот ден од концертот ќе настапи Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“. На своите концерти таа им дава нов живот на старите ладино мелодии и разновидната еврејска музичка култура ја модернизира збогатувајќи ја со ориентален ритам и клезмер звуци. Во вториот дел од концертот ќе настапи водечката флејтистка во Израел, Хефциба Зер Авив, која свири на повеќе од 20 видови флејта и претставува уникатен и спектакуларен мозаик од израелски и медитерански егзотичен стил на свирење флејта.

Првата театараска изведба на годинашното „Скопско лето“ ќе биде ден по неговото отворање. В петок во МНТ ќе гостува загрепскиот театар „Гавела“ со „Крал Ричард Трети“ во режија на Александар Поповски. На прес-конференцијата режисерот рече дека претставата е нова, од минатата сезона на „Гавела“, каде што тој работи десетина години. Неговата претстава „Сон на летната ноќ“ беше десет години на репертоарот на овој театар во Загреб.

извор:мкд.мк