Радио Милева
време за опуштање

Анета Љумаковска го покажа новогодишниот амбиент во домот, а еден детаљ остава посебен впечаток (фото)

Анета Љумаковска го покажа новогодишниот амбиент во домот, а еден детаљ остава посебен впечаток (фото)

Можеби е изненадувачко и звучи чудно, но пејачката Анета Љумаковска за разлика од своите колеги од фолк сцената, новогодишната ноќ ја помина без ангажман.

Ова веројатно го сакаше самата, да се одмори од предновогодишните турбо прослави, да се раскомоти во својот дом и Новата да ја дочека во мирна атмосфера и без многу помпа од која постојано е опкружена.

Па така, Анета се смести удобно во својата софа пред телевизорот и елката, а од новогодишната програма реши изборот да не бега од она што е нејзиното секојдневие – музиката се разбира и тоа не било која туку својата.

На „стори“ објавите од Инстаграм таа покажа како се гледа и слуша самата од една новогодишна програма која се емитуваше, а таа ја снимаше претходно.

Кој и правеше друштво дома не откри, но дека имаше еден необичен дочек од порано, тоа е сигурно.

Сепак, по не многу денови празничен одмор, Ането повторно се активира и тоа со настап на Плоштадот Македонија каде ќе пее на отворено пред скопјани.

фото: Instagram printskrin/ anetaljumakovska2701

Останати вести од Радио Милева