Промотер

„Суперхикс“ празнично ви ја подаруваат – „Како боли“ (ВИДЕО)

„Суперхикс“ празнично ви ја подаруваат – „Како боли“ (ВИДЕО)

На неколку дена пред самиот дочек на Новата 2024-та година, позната македонска поп-ска-реге група Суперхикс ја промовираше својата најнова песна „Како боли“ заедно со видеоспотот за истата.

Музиката и аранжманот се на членовите на Суперхикс, додека текстот за оваа песна го подготвија Дарко Попов и Борис Минов. Песната е снимена во студиото „Тра Ла Ла“, под продуцентска палка на Мите Димовски.

Режијата,камерата и монтажата на видеото ги потпишува  Трифун Ситниковски.

„Наскоро излегува и студискиот албум, а бендот се подготвува за серија активности поврзани со јубилејот „30 години Суперхикс“, велат од „банда инструмнтале“ како што популарно се нарекува бендот.

Какво празнично изненадување подготвиле тие за своите фанови и публиката, погледнете од видеото во продолжение продолжение: