Мегафон
театар

„Ѕуница“ – инклузивна театарска претстава во МКЦ

„Ѕуница“ – инклузивна театарска претстава во МКЦ

На 23.11.2023 година, во МКЦ во 19 часот, ќе може да ја погледенете инклузивната театарска претстава „Ѕуница“.

Децата од дневниот центар и нивните другарчиња, инспирирани од сликовницата „Ѕуница“, по втор пат спремија инклузивна претстава за вас.

Режија: Роберт Ристов
Сценографија: Сара Синани
Драматург: Дарко Спасов
Илустрација и графички дизајн: Иванка НиБа
Фотографија и графички дизајн: Владанка Колева
Преведувач на знаковен јазик: Соња Кимова Делевска
Продукција на звук: Студио Абра-Кадабра
Продуцент на звук: Христијан Аризанкоски
Автор на музика: Драган Илиев
Актери: Калина Груиќ, Арабела Тудиќ, Магдалена Стојкоска, Ангела Делевска, Калина Чанговска, Анамарија Здравеска
Актери Доза Среќа: Никола, Христијан, Дарко, Коста, Денис, Рабије, Ава, Кан, Кристијан, Орхан, Ариел, Софи…
Работено според сликовницата Ѕуница од Бранислав Николов и Иванка НиБа во издание на издавачка куќа „Светулка“
Пријатели: Град Скопје, МКЦ, издавачка куќа Светулка, …

Во оваа приказна во авантура ве носат Бојана, Мендо, Зајче и Птичка кои сложно ќе одиграат една братска слога. Авторот беспрекорно отсликува четири профили на ликови кои се различни, но секој вреден на свој начин. Така е и со децата. За една група или заедница да остане сложна потребен ни е некој мудар како Бојана, силен како Мендо кој ќе нѐ износи на рамена, досетлив како Зајче и гласен како Птичка. Она што човек не може да го направи сам, во слога со пријателите ќе успее, па заедно со нив ќе може да помести дури и планина.“

Ѕуница за прв пат беше промовирана на Саемот на книга 2023 година, учествуваше со промоција и работилница на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, учествуваше на фестивалот „Литера“, Промоција во Гевгелија, Битола и во Охрид. Децата од сите градови веќе си имаат своја омилена строфа и илустрација, па направија ремек дела на работилниците кои беа организирани во склоп на пронмоциите. Сликовницата е достапна во најголеите книжарници кај нас но и онлајн на фб страната на Едиција Светулка.

Влезот е со симболична цена од 100 денари.