Радио Милева
штркот долета со два подарока

Живко Динев – екс „Браво бенд“ стана татко: Прва, па двојна радост – Жика и неговата сопруга Ана добија близначки (ФОТО)

Живко Динев – екс „Браво бенд“ стана татко: Прва, па двојна радост – Жика и неговата сопруга Ана добија близначки (ФОТО)

Бившиот басист и вокал на „Браво Бенд“, пејачот Живко Динев, стана татко за прв пат. Прва, па двојна радост кај Жика, како што сите го викаат и неговата сопруга Ана Колевска Динев, кои по осум години во брак, ги добија близначките Мила и Миа.

Двете мали принцези се долго очекуваната круна на нивната љубовна врска и хармоничен брак. Ана и Жика долго чекаа на проширувањето на семејството кое може да се каже дека дури сега е комплетно со доаѓањео на свет на двете ќеркички.

Сега се тие најважните, центарот на нивниот универзум околу кои веќе почна се’  да се  врти, иако како што велат старите, ако штркот еднаш долетал, можеби ќе долета и друг пат. Но, за тоа потоа, сега се најважни Мила и Миа!

Сопругата на Жика, Ана,  двете мали убавици на свет ги донела со породување во Клиниката за гинекологија и акушерство при Клининичкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и мајката и двете ќеркички се во најдобар ред.  Инаку имињата малечките наследнички ги добиле откако кумот и кумата кажале како двете девојченца ќе се викаат.

„Кажи куме име“  и кумот и кумата кажаа… И тоа не едно, туку две: Мила и Миа се новите членки на среќната фамилија.

И пред мајката и двете ќеркички да си дојдат дома, Жика, кој ионака е познат и самиот по веселиот дух, секогаш расположен и насмен, овој пат наместо тој да ги забавува и весели другите, заедно со браќата,  дел од семејството, другарите, пријателите, колегите… и самиот се веселеше до зори, прославувајќи го еден од најсреќните и најрадосни денови во неговиот живот.

По доаѓањето на сопругата и ќеркичките дома, следуваат „слатките обврски“ околу приновите, но и работните, зашто Жика заедно со својот придружен бенд музичари се речиси „распродадени“ уште отсега за деновите пред новогодишните празници, а и во деновите по Нова Година, кога продолжува божиќната магија, која ќе ја замени новогодишата еуфорија.

Како и да е на Жика и неговата Ана им останува да уживаат во она што во животот е најслатко – за прв пат да се биде родител, горди мајка и татко!

Нека им се живи и здрави наследничките!

Фото: Фејсбук принтскрин/Zivko Dinev

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева