Радио Милева
ЕРА во нова афера...

Женско лице се обиде да ја претепа Елена Ристеска: Пејачката физички нападната со тврд предмет во познат скопски ноќен клуб? (ФОТО)

Женско лице се обиде да ја претепа Елена Ристеска: Пејачката физички нападната со тврд предмет во познат скопски ноќен клуб? (ФОТО)

Македонската поп пејачка Елена Ристеска завчеравечер во 2 часот и 30 минути по полноќ во СВР Скопје пријавила дека во угостителскиот објект „Интермецо“ во скопската општина Центар, со тврд предмет била физички нападната од женското лице, Е.Т. Настанот е забележан во билтенот на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Веста бргу се прошири на социјалните мрежи, па следуваа и неколку објави на македонските портали, по што и Вистина.ком.мк се обиде веднаш да стапи во контакт со пејачката. Но и по нашите обиди, како и на неколку колеги пред тоа, пејачката остана нема на телефонските повици. Ристеска за цело време беше активна и на социјалните мрежи, каде преку месинџер новинарите на нашиот портал одново се обидоа да ја исконтактираат, но, Елена не возврати на Фејсбук пораките.

На оние упатени по пат на СМС на нејзиниот телефонски број, одговорот е следниот: „Не е овој број на Елена, на компанијата ЕРА козметика е“. Или што би рекле „наводно“ на „нејзината“ козметичка куќа иако досега на истиот сме можеле да ја добиеме?!

Инаку чаршијата и естрадните кулоари веќе наголемо почнаа да шпекулираат, дека мотив за нападот била женска љубомора заради нерасчистени емотивни односи од претходната врска.

Имено женското лице која ја нападнала Елена Ристеска со тврд предмет во клубот „Интермецо“ наводно била бивша девојка на сегашниот љубовник на пејачката, но тој и поранешната девојка се’ уште ги немале до крај расчистено односите во нивната  претходна врска.

Некои пак шпекулираат дека врската воопшто и не била раскината и дека се работи за прељуба на момчето кое ја изневерило девојката со пејачката, но сето тоа останува само во доменот на кулоарските муабети, на кои Елена Ристеска не собра храброст, не барем засега, да одговори и да ја каже вистината… Или барем нејзината страна на приказната, за што нашиот портал останува отворен за пејачката, како и за другата страна која се споменува со иницијали Е.Т. во билтенот на МВР!

Фото: Принтскрин – МВР билтен/Инстаграм/elenaristeska_era

 

 

Останати вести од Радио Милева