Радио Милева

Жена, мајка, поп кралица… и ептен домаќинка: Кога Тамара вари супа, на пазарче има дефицит од магдонос! (ФОТО)

Жена, мајка, поп кралица… и ептен домаќинка: Кога Тамара вари супа, на пазарче има дефицит од магдонос! (ФОТО)

Тамара Тодевска откако се омажи, се породи и стана мајка, се препороди! Жената стана друг човек! „Лошите“ навики од минатото за неа е само минато… Паднаа во заборав! Сега пејачката е грижлива мајка и ревносна сопруга… Секако, талентот и вокалните квалитети останаа… Сега се само надополнети со нов кавлитет, наречен – домаќинлук!

Зимата и се’ поголемата загаденост на воздухот во македонската метропола бараат што поздрава исхрана за да го зачуваме имунитетот, а со тоа и доброто здравје. Своето, ама и на семејството. Особено на најмладите. Како што е нејзината Хана. Затоа мама реши да и зготви здраво јадење. А ништо подобро од домашно приготвена зеленчукова супа, полна со витамини и минерали. Пашканат од морковче, целер, компирче, магдонос и малку зачин… Да, тоа е тоа… Таков е отприлика рецептот!  Само има еден мал проблем!

Кога Тамара вари супа, на пазарче има дефицит од магдонос! Зошто Тамара не китка, во супата става цел букет… И тоа топтан! Со се’ врвка!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева