Радио Милева
„Гори“ од сексапил

За сите зима за Гавазова лето: Фолк ѕвездата троши пари на авантура и егзотика во топлите краишта (фото)

За сите зима за Гавазова лето: Фолк ѕвездата троши пари на авантура и егзотика во топлите краишта (фото)

Пејачката Сузана Гавазова секогаш умее да ги изненади своите обожаватели, па така беше и овој пат.

Таа на нејзиниот профил на Инстаграм покажа дека одлучила  да се соблече и да се опушти на жешкото сонце додека овде траат минусни температури.

Фолкерката ги спакувала куферите и заедно со целото семејство откри дека заминале на егзотичните плажи во Тајланд.

Таа во нејзин стил ја преплави социјалната мрежа со објави доловувајќи го секој момент со фотографии и видеа.

Гавазова едноставно привлекува внимание каде и да се појави, но особено кога нејзината витка линија е во фокусот.

Таа позираше во костим за капење, додека во преден план беа нејзините исончани бујни гради со кои се гордее.

На далечната дестинација таа ужива во друштво на наследничките кои времето исто така го минуваат исполнето, а заедно со нејзиниот сопруг се забавувале додека го јавале слонот, а таа снимила сѐ.

Па додека многумина во овој период зимските температури ги користат за да заминат некаде на зимување, Гавазова докажа дека за нив нема зима, а батериите ги полни само кога е  плус.

Фото: printskrin/instagram/suzanagavazova

Останати вести од Радио Милева