Радио Милева
секој на своја страна

За нив годинава не беше баш среќна: Овие бракови на познатите од домашната и српската естрада се распаднаа во 2019 (ФОТО)

За нив годинава не беше баш среќна: Овие бракови на познатите од домашната и српската естрада се распаднаа во 2019 (ФОТО)

На некои познати брачни двојки од естрадата во регионов љубовта баш и не им „цветаше“ во 2019 година, па така нивните бракови завршија со разводи. Најмногу ги имаше секако на српската естрада.

Познати личности  најчесто криеја дека нивниот брак е во криза, а дури подоцна признаа дека се пред развод или се разведуваат… Меѓу нив некои разводи беа и драматични, како што беше разводот на Наташа Беквалац.

 

1. Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ

Откако парот ја доби нивната ќерка Катја, голем срам и се случи на пејачката кога Лазукиќ ја претепа, што доведе до нивниот развод подоцна.

2. Анабела и Андреј Атијас

Парот се разведе, но тој остана во добри односи со пејачката заради ќерката на Бланкица, па луѓето често ги гледаат заедно.

3. Соња Вуксановиќ и Аца Лукас

Славната двојка имаше расправија, но на крајот склучија договор и се разведоа во септември 2019 година.

4. Дарко Лазиќ и Ана Севиќ

Фолкерот официјално се разведе од пејачката Ана Севиќ во јуни 2019 година, а тие потпишаа пријателски развод. Двајцата веќе нашле партнери со кои биле среќни, а Дарко доби и второ дете – синот Алексеј.

5. Јелена Гербек и Владан Ѓорѓевиќ

Јелена Гербек се разведе од својот сопруг, Владан Ѓорѓевиќ, со кого беше во брак три години, на крајот на 2019 година.

6. Ана Кокиќ и Никола Раѓен

Ватерполистот и пејачката се разведоа на почетокот на годината на Божиќ, а самата Кокиќ призна колку  тешко  го доживеала разводот.

7. Катарина Каја Остојиќ и Јуниор Џек

Пејачката на својот Инстаграм потврди дека се развела од диџејот, како и дека тие не биле во брак веќе подолго време.

8. Теодора Куниќ

Ќeрката на Сузана Манчиќ се разведе од 20-години повозрасниот бизнисмен на почетокот на  оваа година.

Уште неколку познати двојки се разведоа во 2019 година иако бракот веќе им беше на стаклени нозе, па или не живееја веќе заедно или беа во постојани кавги и фаза пушти-остави… како Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал или Славица Ќуктераш и фудбалерот Владимир Аврамов…

И во Македонија естрадните  разводи не беа исклучок, иако ги имаше во многу помал број: Перо и Ружица Антиќ, Маја Ристовска и Јован Костовски, Коки Јанков и Росана, Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска…

 

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/pukna-tikvata-po-13-godini-brak-se-razvede-pero-antikj/

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/poraneshnata-sopruga-na-daniel-kajmakoski-prvpat-progovori-po-razvodot-pominav-niz-eden-period-na-depresija/

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-razvodot-od-rosana-koki-jankov-se-vrati-na-svojata-poraneshna-devojka-video/

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-nivnata-svadba-se-pishuvashe-i-zboruvashe-na-golemo-ama-brakot-puknal-po-dve-godini/

Фото: Инстаграм/ Дамир Дервишагиќ/ Соња Спасиќ/ Марина Лопичиќ/ Зорана Јевтиќ/Стефан Јокиќ/Драган Кадиќ

Останати вести од Радио Милева