Мегафон

За музичкиот портал “Sounds European”, песна на неделата од Македонија е „За нас“ од младата пејачка Лара Иванова

За музичкиот портал “Sounds European”, песна на неделата од Македонија е „За нас“ од младата пејачка Лара Иванова

„Тоа е извонредна балада, со многу силна мелодија и прекрасна вокална изведба, која до совршенство одговара на целиот амбиент на песната. Ние сме целосно заљубени, тоа е нашата песна на неделата“, велат од тимот на “Sounds European”, музички портал основан од Дејв и Филипе каде ги претставуваат најдобрите изданија на европската поп музика.

Доказ дека Лара Иванова зеде големо внимание од публиката се покажува и со видео записот „За нас“, зад кој се потпишува режисерот Огнен Шапковски, каде брои повеќе од 65 илјади прегледи на Јутуб, со што ја става Лара прва на листата најпрегледувани песни од натпреварувачката вечер на „Макфест“.

Само мало потсетување, песната „За нас“ ја зеде наградата за најдобар аранжман на продуценот Иле Спасев на 35. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, а за текстот на прекрасната балада се погрижи Робин Зимбаков.