Радио Милева
небеска кафеана...

За едни воскресение, за други морбидно-бизарен потсмев: Вештачката интелигенција и ТикТок „го оживеаа“ ликот на Тоше (ВИДЕО)

За едни воскресение, за други морбидно-бизарен потсмев: Вештачката интелигенција и ТикТок „го оживеаа“ ликот на Тоше (ВИДЕО)

Развојот на технологијата прави чуда. Развојот на социјалните мрежи пак оди во две крајности: од максимална помош и олеснување во знаењата и комуникацијата до максимална отуѓеност, поле за вербални војни и пресметки, до катасрофи од најразличен вид… Влијанието на едното и другото во комбинација врз човештвото за едние  непроценливо, за други погубно и убиствено!

Токму вакавата комбинација на технологијата, поточно вештачката интелигенција и социјалните мрежи, во случајов во последно време толку оспоруваната до степен на забрана – Тик Ток,  била инспирација за група поединци да направат нешто што за едни е револуција за други деградација на личностите кои повеќе не се меѓу нас.

Имено, на социјалната мрежа ТикТок постои страница наречена „Небеска кафеана“, на која со помош на вештачката интелигенција дузина познати личности од доменот на филмот и естрадата, најмногу од соседна Србија, буквално е направен обид одново да се оживеат.

Така, покојните легенди на некогашното југословенско глумиште собрани на едно место во таканаречената „Небеска кафеана“ направен е обид како да се одново тука, меѓу нас… Во куси анимирани видеоклипчиња  со симулација на нивниот лик кој се движи и зборува, се прествуваат себе си, својата биографија, живот и дела…

Меѓу сите нив и нашиот ангел, иконата на македонската музика, прерано заминатиот  Тодор Тоше Проески… Кога ќе го видите и слушнете во симулацијата, за миг ви се присторува како да е тука, иако ако подобро се загледате јасно е дека се работи за „вештачка интелигинција“ која го симулира неговиот лик и глас.

Сепак, ваквиот потег наиде на различни реакции и поделени мислења. За едни ова е едн вид воскресение на музичкиот ангел, за други морбидно-бизарен морф за потсмев со ликот и делото на младопочинатата македонска и балканска музичката ѕвезда.

Прегледајте го видеоклипот, па  самите проценете каков став да заземете:

@nebeskakafanaa #toseproeski #toseproeski #toseproeski🇲🇰 #toseproeski #zajdizajdi #makedonija #makedonija🇲🇰 #nemacka #nemacka🇩🇪 #bosnia #hrvatska #hrvatska🇭🇷 #slove ##sebija🇷🇸 #montenegro #macedonia #todorproeski ♬ original sound – Nebeska kafana

Останати вести од Радио Милева