Радио Милева
беседа за ангелот

Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО)

Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО)

Регионот, Македонија, неговото родно Крушево… го одбележаа неговиот единствен датум, како што знаат да кажат неговите фанови, денот на неговото раѓање. Зашто Тоше Проески е бесмртен, вечен во спомените, сеќавањата, песните, со својот лик и дела вткаен во историјата… За едни легенда, за други ангел, за трети божество, икона… За сите – незаборав! И колку да е тагата голема што млад замина, предвреме, онака шокантно, колку да е тешко што повеќе физички не е меѓу нас, Тоше секогаш ќе остане во сите нас. Затоа и вчера, 25 јануари 2024 година не заборавивме да се потсетиме на денот на неговото раѓање.

И колку секој негов роденден како и овој 43-от да е тажен, сите не држи чувството дека сепак македонскиот музички ангел е бесмртен! Затоа многумина се потрудија да се сетат на него, да го одбележат неговиот роденден на најразлични начини, но само една позната дама тоа го стори поинаку од сите други.

Додека многумина го посетуваа неговиото вечно почивалиште, неговиот вечен дом на Гумење, македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, неговата вечна пријателка, другарка, „сестра од друга мајка“ собра храброст да му дојде на  роденден на Тоше дома во Крушево, во неговата родна куќа.

Со подарок  в рака во вид на дрвена кутија со шише вино на кое е отпечатена етикета со една од неговите изустени мисли, икебана од свежо цвеќе, заедничка фотографија и полна душа спомени!

А таму, во неговиот дом на денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. И годинава е така. И повторно на тортата покрај стои негова фотографија, испишана емотивна порака:

„Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ТИ“ – пишува на тортата на која горат запалени свеќичките со роденденската бројка 43… Само што и овој пат нема кој да ги дувне, да ги изгаси.

А, вечната светлина како кандилце гори и во душите на сите, особено на оние кои му беа многу блиски како Весна Бејби. Затоа и нејзините испишани зборови се повеќе од емотивни, срцепарателни, тешко подносливи, ама… тоа е реалноста!

Сурова, од која нема бегање. Има само вечна љубов и спомени, незаборав, сеќавање… на она што беше Тоше. Беше и остана и откако замина… Иако неговото присуство постојано се чувствува. Особено дома.

„Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот.Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се’ мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке се’ уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : ’17та тераме’! На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави.

Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање.


43… Те сакам до небото и назад“ – споделила Весна Бејби Петрушевска во својата роденденска посвета или поточно беседа за ангелот.

Фото: Фејсбук/Инстаграм/vesnapetrushevska

Останати вести од Радио Милева