Радио Милева
неизвесна завршница

Водителката на „Задруга“ изнесе детали каков крај не очекува: Душица Јаковљевиќ со детали за финалето (ФОТО)

Водителката на „Задруга“ изнесе детали каков крај не очекува: Душица Јаковљевиќ со детали за финалето (ФОТО)

Водителката на „Задруга“ Душица Јаковљевиќ пред финалето ги сумираше впечатоците и искрено проговори за учесниците, меѓучовечките односи, а најголем впечаток дефинитивно и оставија љубовните парови и нивните приказни.

„Секоја година велам дека учесниците се различни, како и приказните што се случуваат меѓу нив. Ова е најнеизвесната сезона досега. Претходните години сите очекуваа одреден победник, односно се гледаше кој може да биде, но сега ситуацијата е поинаква. Како што учесниците испаѓаат, на прашањето за победникот, сите тие даваат различни одговори. Како што се стеснува кругот на учесници, се’ ќе биде понеизвесно.

Самото финалето ќе биде спектакуларно, но се зависи од учесниците – изјави Душица.
– Цар и Алекс поминаа низ се и сешто, менуваа партнери, а на крајот сфатија дека најубавото е на едно рамо. Врската помеѓу Ана и Звездан е показател дека не живеете од спомени, туку треба да ја негувате врската и активно да работите на тоа – објасни водителката, а потоа призна дека овие приказни и оставиле најголем впечаток.

– Задругарите се многу нервозни. Кога се мирни, тогаш тоа се толкува како затишје пред бура. Сега се свесни дека наскоро ќе се соочат со мислењето на народот и најблиските. Паровите размислуваат дали нивната љубов ќе преживее, а поединци трчаат по „последниот воз“ за да влезат во врска, бидејќи емоциите, како што велат, се родиле пред самиот крај“ – изјави Душица на крајот од викендот.

Фото: Инстаграм принтскрин/dusicajakovljevic

Останати вести од Радио Милева