Радио Милева

Водителката на „Парови“ си даде отказ од телевизија – ова е причината

Водителката на „Парови“ си даде отказ од телевизија – ова е причината
фото: хепи

Водителката на „Парови“, Бојана Ристивојевиќ дала отказ на „Хепи“ телевизија поради несогласувања со сопствениците.

Бојана со години е заштитно лице на телевизијата, а огромна популарност стекна со водење на емисијата „Парови“.

Проблемот се случил кога водителката побарала да биде ослободена од ноќните водења на емисии поради  многубројни обврски, а надлежните донеле поразлична одлука.

фото: Никола Томиќ

„Бојна одлично се снајде како водителка, а тоа е заклучок на публиката и сопствениците.  Со оглед на тоа дека води реалити во ноќните часови, а во последно време дојде до презаситување, затоа им кажа на вработените дека не сака повеќе тоа да го прави. По состанокот на кој Бојана го кажа својот проблем, пристигна одговор од сопственикот кој гласеше: „Бојана повеќе нема да води „Прело“, ќе биде водителка на „Парови“.

фото: марко јовановиќ

По оваа одлука, водителката одлучила да не биде дел од телевизија „Хепи“.

Таа ќе води уште неколку емисии на „Парови“, а потоа ќе бара ново работно место.

Останати вести од Радио Милева