Радио Милева
подарок

Водителката Јована Јеремиќ се пофали со чевли вредни 1.000 евра, па ја спомна сумата која ја заработува (фото+видео)

Водителката Јована Јеремиќ се пофали со чевли вредни 1.000 евра, па ја спомна сумата која ја заработува (фото+видео)

Минатата година Јована Јеремиќ се пресели во ТВ Пинк каде што е водителка на „Ново јутро“ за викендите.

Многу се шпекулираше дека добила и стан за да се префрли на розовата телевизија, а сите ги интересираше колкава е нејзината плата.

Со оглед на тоа што Јеремиќ важи за некој кој нема влакна на јазикот и кој отворено зборува за разни теми, таа сега без проблем откри колку заработува месечно.

Имено, таа ги покажа скапите сини потпетици кои чинат 1.000 евра, а потоа откри дека ги добила на подарок.

„Чевлите се над илјада евра, а јас никогаш во животот не би купила толку скапи чевли за себе. Но, тој што ги купи навистина има добар вкус. Мислите ли дека би купила чевли што чинат 1.000 евра кога платата ми е 2.000 евра?“, рекла Јована низ смеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јована Јеремиќ

 

Останати вести од Радио Милева