Радио Милева
строго забрането

Јована Јеремиќ испрати порака до бројните фанови: Секој мора да се придржува кон ова кога комуницира со неа (фото)

Јована Јеремиќ испрати порака до бројните фанови: Секој мора да се придржува кон ова кога комуницира со неа (фото)

Водителката на Телевизија Пинк, Јована Јеремиќ дефинитивно е една од најинтригантните јавни личности во Србија.

Таа неодамна на јавноста и откри дека ужива во врската со 14 години постариот бизнисмен Драган Станковиќ, чие име некое време го криеше од медиумите.

Нивната врска стана предмет на јавен интерес, а неодамна почнаа да се појавуваат заедно на градските настани.

Водителката е исполнета како никогаш досега и од глава до петици заљубена, што може да се заклучи од многубројните заеднички фотографии, а бидејќи има бројни додворувачи и обожаватели, веднаш ги известила и им дала упатства за 8 март, односно Денот на жената:

– Што се однесува до мене, ни случајно не ми купувајте цвеќе за 8 март. Со оглед на тоа дека секогаш знам што сакам и дека сум практична и директна жена, веднаш треба да знаете дека нема да има грешки. Не сакам цвеќе и носењето цвеќе беше забрането на мојот роденден и ќе биде доживотно – напиша Јована Јеремиќ на својот Инстаграм профил.

Инаку, Јована Јеремиќ неодамна најави дека во февруари ќе се повлече од медиумите за да се посвети на некои свои лични проекти. Таа истакна дека е многу среќна во новата фаза од животот и дека планира да направи пауза. Таа откри и дека се преселила кај партнерот во Гроцка и дека е многу среќна поради таа одлука. „Три дена сум во Гроцка, четири дена сум во Белград. Многу ми се допаѓа овде“, изјави Јована во емисијата „Премиер викенд-специјал“.

Фото: printskrin/instagram

Останати вести од Радио Милева