Радио Милева
по стапките на српската пејачка

Во „Ѕвездите на Гранд“ ја нарекоа македонска Лејди Гага, а сега Марија Груевска ја споредуваат со Лепа Брена: „Не можам ни до продавница да одам без шминка, некој ќе ме фотографира“

Во „Ѕвездите на Гранд“ ја нарекоа македонска Лејди Гага, а сега Марија Груевска ја споредуваат со Лепа Брена: „Не можам ни до продавница да одам без шминка, некој ќе ме фотографира“

Битолчанката Марија Груевска која учествуваше во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во секој круг имаше оригинални настапи, па можевме да ја видиме како пее со свеќи на рацете, како калуѓерка, танчерка, а жирито и порача дека таа е македонската Лејди Гага.

Марија неодамна ја издаде својата нова песна „Горим сва“ која наиде на позитивни критики, а таа вели дека не може да оди ни до продавница бидејќи луѓето ја препознаваат.

За време на натпреварувањето на битолчанката предизвик и беше да се надмине самата себе, но вистинската борба започна по финалето.

„Ѕвездите на Гранд“ и донесеа голема популарност на Марија во Македонија.

-Ме препознаваат луѓето, се фотографираат со мене. Не можам да одам во продавница без шминка бидејќи знам дека некој ќе ме фотографира, изјави Марија во „Ѕвезде Гранда Специјал“.

Водителот се пошегува со Марија и ја спореди со Лепа Брена, а таа истакна дека тоа не и пречи.

-Тоа ми е убаво, уживам во сè што работам. Ова беше голем предизвик, снимавме и во Германија и во Битола и сега подготвуваме уште една песна, вели Груевска.

Инаку, македонската пејачка се пријави за избор на песна на Евровизија, но нејзината песна не победи, но сепак таа најави дека ќе ја објави.

Што следно ќе подготви Груевска останува да видиме.

фото: jednajebrena.com/инстаграм/marija_gruevskaa/ јутуб/звезде гранда

Останати вести од Радио Милева