Мегафон

Во Богданци се случи првиот Фестивал на југоисточен регион

Во Богданци се случи првиот Фестивал на југоисточен регион

Овој викенд во Богданци, се случи првиот Фестивал на југоисточен регион на кој производители од регионот, но и од подалеку, најбројни од редовите на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина.

Многубројните посетители кои го преплавија Градскиот парк во сончево Богданци, имаа можност да пробаат слатко од диви и домашни смокви, од сливи и капини, производи од тартуфи, домашна ракија…

Се дружеа со локалните производители, ги слушнаа нивните приказни, се размени и понекој рецепт…За убавото расположение беа задолжени ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“, пејачка пензионерска група и многу други.

Фестивал на југоисточен регион го подржаа Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.