Мегафон

Влатко Лозаноски – Лозано со настап во Охрид, влезница бараат и гости од регионот

Влатко Лозаноски – Лозано со настап во Охрид, влезница бараат и гости од регионот

Најпопуларниот македонски поп пејач, една од нашите најголеми музички ѕвезди, миленикот на сите генерации, Влатко Лозаноски – Лозано овој петок, 23 јули 2021 год. ќе одржи голем концерт во Охрид. По пауза од две години, Лозано повторно ќе пее во нашиот туристички бисер, а интересот за неговиот настап е веќе голем уште по објавување на првата информација, па влезница бараат и гости од регионот. Лозано се нетрпение ја очекува дружбата со публика, бидејќи како што вели, настапите во Охрид се секогаш посебни.

„Драго ми е што после пауза од две години повторно ќе пеам во еден нашите најубави градови во Македонија. Охрид секогаш ми буди само позитивни мисли, позитивни сеќавања. На публиката им ветувам одлична забава во петок – накусо изјави познатиот пејач. Концертот ќе се одржи на фудбалското игралиште кое е во склоп на хотелот „Аквалина“ со почеток од 22 часот.