Радио Милева
перцепција или познавање?

Вики Миљковиќ има чизми какви што досега не сте виделе: Уметност во движење или чист кич? (ФОТО)

Вики Миљковиќ има чизми какви што досега не сте виделе: Уметност во движење или чист кич? (ФОТО)

Веќе сме навикнати на одредени јавни личности кои уживаат да се истакнуваат, не само со својата професија, туку и со стајлингот.

Пејачката Вики Миљковиќ веќе долго време има задача да ги оценува кандидатите како член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“  и да присуствува на снимањето на емисиите. Во секое гостување, Вики имаше нешто што ја издвојуваше, без разлика дали станува збор за интересен елек, блескав фустан  или златна јакна.

Сепак, за едно интервју, Вики се одлучи за црна комбинација, а она што беше најимпресивно беа нејзините чизми.

Комбинираше кратки, лакирани чизми со кожни панталони до глуждовите, а деталите на потпетиците не можеа да останат незабележани.

Високите потпетици на чизмите беа украсени, ќе ги наречеме длаборези, кристалчиња и како централно парче – часовник.

Сепак, и ова парче обувки предизвика контроверзии, имајќи предвид дека некои сметаат дека е мало уметничко дело во движење, додека за други тоа е едноставно чист кич! Во зависност кој каква перцепција на работите има… Ама и какво познавање на модата и материјалите од кои едно модно парче е сочинето!

Фото: Инстаграм принтскрин/viki_miljkovic

Останати вести од Радио Милева