Мегафон

„Вие сте шампиони“: Легендарните „Квин“ им посветија преработка на својот голем хит на здравствените работници и пациентите (ВИДЕО)

„Вие сте шампиони“: Легендарните „Квин“ им посветија преработка на својот голем хит на здравствените работници и пациентите (ВИДЕО)

Двајцата преостанати членови на ориганлната постава на легендарните „Квин“, гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор, заедно со замената на незаменливиот Фреди Меркјури,  нивниот нов вокал Адам Ламберт, култниот хит  на групата: “We Are The Champions”, го преработија и сега е насловен како „You Are The Champions“.

Го посветија на здравствените работници ширум светот, кои речиси четири месеци спасуваат човечки животи, пациенти со најтешки симптоми заразени со коронавирусот.

Најавија дека сите приходи од песната ќе одат во Фондот за солидарност.

Слушнете како звучи стариот хит во ново руво, отсвирен и отпеан во домашни услови: