Радио Милева
„џипопослание по св. Весна“

Весна – Бејби вака го „доживеа“ Богојавление: „За Водици ли правиме муабет?“ (ФОТО)

Весна – Бејби вака го „доживеа“ Богојавление: „За Водици ли правиме муабет?“ (ФОТО)

За нашата црква, нејзините свештеници и  замавот во кој таа го зема во последно веме во нецрковни работи речиси на сите им е познато. Хотелиерство, градежништво, јахти, џипови…

Веројатно нема некој кој не го знае вицот: Влегува  човек во салон за автомобили, застанува до скапа марка џип, го разгледува и се распрашува за неговите перформанси и цена… А продавачот пред било што да у одговори, го прашува: „Извинете, а од која епархија бевте Вие?“

неодамна православните христијани го славеаголемиот празник Христовото крштевање, кај народот познат како Богојавление или Водици! Фрлањето на крстот во водите на вардар, охридското езеро и сите помали или поголеми реки, потоци, па дури и базени и чешми од традиција прераснаа во фолклор, прости ни Боже, па дури и со нота на смеа и забава.

Како во вицот со купувачот и продавачот на џипот, свештенството и поповите одново се на удар, па и за Водици почнаа да кружат различни (траги)комични видеа и хумористични постови на социјалните мрежи.

Еден од најсодржајните твитови има свој предлог и поента. Во него вклучена и македонската актерка, водителка и писателка Весна Бејби Петрушевска, кој со обете раце целосно го прифати, максимално се согласи, па го постираше твитот на својот Фејсбук профил.

Предлогот секако комичен, ама уникатен, а актерката воодушевена со порака:  „За Водици ли правиме муабет? Нема поточно“.

Прашање е само што марка ќе биде џипот, кој автосалон ќе го донира и на оној што прв ќе успее да седне во него уште додека е во водите на Вардар, подоцна дали сообраќајната ќе му ја врачи владиката или актерката?

 

Останати вести од Радио Милева