Радио Милева
Да умреми порано, да не не стаса пензија?

Весна – Бејби по скандалот со пензиите ги прозва политичарите: „Марш бандити… доста глумите недопирливи и продавате му*а за бубрези!“

Весна – Бејби по скандалот со пензиите ги прозва политичарите: „Марш бандити… доста глумите недопирливи и продавате му*а за бубрези!“

Скандалот со пензиите и аферата со која се директно оштетени над 12.000 луѓе, а засегнати сите сегашни и идни пензионери, се сведува на префрлање на обвунувањата од едни на други. Од министри на директори, од една на друга партија, од еден на друг политичар…   И додека траат меѓусебното префрлање на топката  „од Курто на Мурто“, незадоволството кај оштетените, но и кај целата јавност, врие.

Социјалните мрежи како наједноставното и надостапно место за најбрзо и најлесно човек „да си ги каже маките“, буквално се преплавени со најразлични коментари – од кои речиси сите се негативни со чин на осуда и барање политичка, па и кривична одговорност.

На пензискиот скандал не останаа имуни ниту јавните личности. Па ако политичарите се „груби“, тие се уште „погруби“ на зборови… И тоа со полно право. како што Весна бејби петрушевска не додржа да го премолчи скандалот, па со својот коментар на Фејсбук   „ги подбра“, па ги „распука“ политичките свити што глумат елити.

„Колку работиме напорно, колку не размислуваме за деновите кои ги минуваме … не го броиме животот затоа што мора да преживееме… едно утро стануваш и читаш дека некој од пензиите си раздавал наваму, натаму… никогаш нема да бидеме хумано и општествено одговорни“.

„Само да ги прашам оние што брцнале во пензиите… сте виделе ли пензионер во маркет како се пребројува и така изнемоштено ги пакува трите прехрамбени продукти во кесичка која му е купена пред месеци…работеле цел живот за вие да си играте играчки. Срам да ви е ! Еве јас за актерите ќе кажам, се пензионираат со мизерни пензии…. Марш бандити! Па уште ќе глумите недопирливи и ќе ми продавате му*а за бубрези (најдлабоко се извинувам за „францускиов“, ама па гајле ми ). Да умреме порано сите пред да не стаса пензија, ако не па?“ – прашува Бејби во својот коментар.

 

Останати вести од Радио Милева