Мегафон
концерти

Утревечер во СЦ „Јане Сандански“: Теа Таировиќ на една концертна ноќ во Скопје

Утревечер во СЦ „Јане Сандански“: Теа Таировиќ на една концертна ноќ во Скопје

Долгоочекуваниот предновогодишен спектакл е на самиот праг! Утре е денот кога цела Македонија ќе се собере на едно место само за да доживее незаборавна вечер заедно со едната и единствена Теа Таировиќ. Време е за концертот кој го привлече вниманието на широката јавност и предизвика голема заинтересираност и возбуда. Како што велат организаторите, сензационалниот настан е скоро целосно распродаден што воопшто не е зачудувачки, а поради големиот интерес пуштени во продажба биле и влезници за помошните трибини и делот од галеријата.

Неодоливата балканска ѕвезда Теа Таировиќ со нетрпение чека да настапи пред македонската публика, ќе дојде со тим од 40 луѓе, а заедно со својата танчерска екипа и специјалниот гостин, мегапопуларниот Војаж, подготвени се да направат незаборавно лудило. Искористете ја можноста, бидете дел од концертот на годината, утре во 20 часот во салата Јане Сандански, Теа ве очекува!