Радио Милева

Убавата Џиџи Хадид најпосле призна дека е бремена и го покажа трудничкиот стомак (видео)

Убавата Џиџи Хадид најпосле призна дека е бремена и го покажа трудничкиот стомак (видео)
фото:џиџи хадид/принтскрин/инстаграм

Познатата манекенка Џиџи Хадид го очекува своето прво дете со бившиот член на групата „One direction“, Зејн Малик.

Иако медиумите шпекулираа, таа ја криеше бременоста, но се досега.

Манекенката за првпат го покажа трудничкиот стомак додека комуницираше со своите следбеници на Инстаграм.

„Ова е мојот стомак“, рекла расположено манекенката и се завртела бочно за да ја покаже неговата големина.

Џиџи својот труднички стомак го држи далеку од очите на јавноста, а сега објаснила и зошто е тоа така.

„Очигледно многу луѓе се збунети зошто ништо не споделувам. Бремена сум во период на пандемија и, очигледно, постојат многу поважни работи во светот. Многу луѓе го загубија животот поради коронавирусот и тоа сè уште се случува. После тоа имаше протести за правата на Афроамериканците и едноставно мислам дека социјалните мрежи требаше да ги користиме за да пружиме поддршка“, рекла Џиџи.

„Не сакам да се грижам за тоа дали сум слатка и дека морам секој ден нешто да објавувам. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè“, заклучила манекенката.

Инаку, Џиџи и Зејн се во врска од 2015 година, а лани раскинаа на една година. Љубовта очигледна била посилна па се смирија во декември.

Се запознааа на снимањето на спотот за неговата песна „Pillow Talk“, а фотографите ги фатија како заедно заминуваат од забавата на Џастин Бибер.

Останати вести од Радио Милева