Радио Милева
Не се штедат

Цеца скржаво крие се’ за свадбата на Анастасија и Немања, но сега осамнаа детали за кои веќе се подготвуваат, а ќе ги чинат дебело

Цеца скржаво крие се’ за свадбата на Анастасија и Немања, но сега осамнаа детали за кои веќе се подготвуваат, а ќе ги чинат дебело

Анастасија и Немања пред Бог се венчаа пред еден месец во Србија во манастирот Рајиновац, а во блиска иднина следуваат уште две прослави.

Имено парот свадба ќе направи прво во Шпанија, а потоа ќе следи и мегаломанска прослава во Белград.

-Кога одлучиле да направат свадба, иако се венчаа тајно, знаеја дека ќе биде проблем организацијата, бидејќи имаат широк круг на пријатели и роднини кои се насекаде по светот. На крајот одлуката падна, романтичната прослава да биде во Шпанија, на која ќе присуствуваат само најблиското семејство и пријателите, а потоа ќе следува вистинската српска свадба во Белград. Свадбата во Шпанија би требало да биде до крајот на годината, а во Белград идната година, вели извор близок до парот.

Една од венчаниците на Анастасија ќе пристигнат од Њујорк.

-Додека Анастасија се грижи кои фустани ќе ги носи, Немања е задолжен за храната и пијалакот кој ќе се служи тој ден. Анастасија веќе ги доби скиците од фустаните, а треба и да отиде лично во Њујорк каде ќе се шијат по нејзина мерка, додека Немања барал сирењето да биде од Шпанија, Италија како и шампањи кои ќе пристигнат од Тоскана, објаснува соговорникот.

Тој додава дека во Шпанија ќе има околу 50 луѓе, меѓу кои и Вељко и Богдана со децата поради што е најрадосна неговата сестра Анастасија.

Што се однесува до подароците од Цеца, таа ќе ги почести со меден месец, а подготвува и неколку тајни изненадувања. Пејачката неодамна пред медиумите не сакаше да открива ништо за свадбата на ќерка си.

Сепак, медениот месец малку ќе почека поради тоа што Немања започнува со фудбалската сезона, а на егзотичното патување ќе одат кога тој ќе има пауза од сезоната.

фото:Инстаграм принтскрин/Анастасија Ражнатовиќ

Останати вести од Радио Милева