Радио Милева
осцилации на среќа и тага

Цеца ја сублимираше годината што изминува, а откри и што посакува во Новата: „Желбата ми е Анастасија и Немања да добијат бебе“ (фото)

Цеца ја сублимираше годината што изминува, а откри и што посакува во Новата: „Желбата ми е Анастасија и Немања да добијат бебе“ (фото)

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ синоќа ги сумираше впечатоците од годината што изминува и отворено призна што посакува во следната која е пред нас.

Имено, Цеца не крие дека најмногу ја болел моментот кога нејзината ќерка Анастасија го изгубила бебето, но подвлече и дека во годината која е при крај во семејството и кариерата имало многу моменти кои никогаш нема да ги заборави.

– Беше шарена. Имав многу успешни концерти, многу радост, среќа, а имав и дел каде што доживеав огромна тага и болка кога станува збор за Анастасија. Па, повторно добра вест, Богдана и Вељко го чекаат своето трето бебе, машко. Таа беше осцилирачка, шарена. Не можам да кажам дека беше грда, не можам ни да кажам дека беше светла, но пак велам животот продолжува, гледаш нешто позитивно, убаво. Важно ми е да е добро – призна Цеца, а потоа наброја што посакува во следната година:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

– Моите желби се Анастасија и Немања да добијат бебе, да го завршам албумот, да го направам Ушќе… Желба ми е да вклопам десетдневен одмор во мојот живот, но очигледно ќе завршам во бања за рехабилитација, со пензионери.! (смеа) Па, убаво е во бањите… Знаете ли какви бањи имаме?! Па, пеев, и се повеќе се насочувам кон бањата! (смеа) – изјави пејачката за Телеграф.рс

фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic

Останати вести од Радио Милева