Радио Милева
„Ќе биде подобар од мене“

Тони Цетински ќе стане дедо, а вака изгледа неговиот син кој живее во Германија (фото)

Тони Цетински ќе стане дедо, а вака изгледа неговиот син кој живее во Германија (фото)
фото:тони цетински/инстаграм

Пејачот Тони Цетински ова лето ќе стане дедо за прв пат. Неговиот син Кристијан и неговата избраничка Нина чекаат бебе, а музичарот не ја крие среќата поради тоа и изјави дека неговиот син ќе биде добар татко.

– Среќен сум и сигурен сум дека Кристијан ќе биде прекрасен татко. Тој е многу позрел отколку што бев јас во тие години. Добро се снаоѓа на колеџ, сопругата е одлична – изјави Тони за хрватското издание на списанието „Стори“, а на прашањето како се чувствува како иден дедо, тој одговори на следниов начин:

– Се чувствувам точно како што треба да се чувствува човекот на оваа возраст. Мирен, задоволен … На сите им посакуваме повеќе здравје.

Избраничката на Кристијан е од Германија, а таткото на пејачот, Мирко Цетински, за „Јутарњи лист“ откри дека младиот брачен пар живее во Берлин, каде најмладиот Цетински студира Мехатроника, додека Нина работи како медицинска сестра.

– Не и е лесно да работи со болни луѓе за време на пандемијата на коронавирус. Медицинските лица навистина носат голем товар – рече тој.

Останати вести од Радио Милева