Радио Милева
мило за драго

Ѓорѓе Давид своевремено го прозва Раста кога го апсеа за поседување „трева“, а сега траперот по сообраќајката го начека „на пенал“: „Дедо запомни, се’ се враќа“ (ФОТО)

Ѓорѓе Давид своевремено го прозва Раста кога го апсеа за поседување „трева“, а сега траперот по сообраќајката го начека „на пенал“: „Дедо запомни, се’ се враќа“ (ФОТО)

Пред неколку години Ѓорѓе Давид остро го коментираше престојот на Раста во затвор и употребата на недозволени супстанци и истакна дека раперот треба да води сметка за тоа што ќе го каже и како  се однесува, бидејќи е пример за многу млади луѓе.

„Жал ми е за него. Момчето прави одлична приказна, го гледаат, заработува добри пари, има посетени настапи, тој е ѕвезда за тие деца. И тогаш, како и последен Индијанец, дозволи да го фатат со трева. И која е пораката? Ајде сите да одиме на трева?“ – рече тогаш Ѓорѓе.

Иако ова се стари изјави, Раста сега реши да му возврати на Ѓорѓе, а како повод ја избра трагедијата што се случи во Македонија, а во која учествуваше и рокерот.

 

„Дедо, јас сакам само правда за тебе. За разлика од тебе, јас никогаш никого не сум повредил, дедо. Но запомни, секогаш се’ се враќа“ – напиша Раста во пораката која јавно му ја упатил на Ѓорѓе.

 

Фото: Инстаграм/stefanrasta/djordje_david

Останати вести од Радио Милева