Радио Милева
некогаш и сега

Тело вретено: Лила направи зимски бикини времеплов од пред 13 години и денес (фото)

Тело вретено: Лила направи зимски бикини времеплов од пред 13 години и денес (фото)

Никој не може да избега од забот на времето, а дека тоа е така потврди и нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска.

Неуморна во патувања како и секогаш Лила годината ја почна со зимски одмор на Копаоник, од каде покажа како ужива во сите прилики кои и ги овозможува хотелот и природата околу истиот, а таа уште подобро знае да ги искористи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Топлите базени на отворено се предизвик за необично уживање, па и за неа. Костимот за капење како и секогаш задолжителен во гардеробата во куферот, а исто и применливо парче речиси за везден.

Овој пат на ноќно капење, надвор ладно, внатре топло, а Лила препуштена на задоволството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фотографијата од моментот се најде на нејзините „стори“ објави, а веднаш потоа стоеше и еден спомен во базен како потсетување од пред 13 години.

Истата бикини ситуација, во базен, ама преку ден. Помлада за речиси деценија ипол, нешто послаба и без зголемени гради, очигледна глетка од промените.

Сепек, евидентно е и дека Лила не се дава лесно на она што го носи времето, а таа се држи достојно на сметка на изгледот, а тогаш или сега,  се уште е риба ипол која тоа многу добро го знае, па дури и кога прави споредби од некогаш и сега.

фото:instagram printscreen/ lilafilipovska

Останати вести од Радио Милева